Адора е пример како во кризно, пандемиско време може да се успее на интернационалниот пазар

by Fokus

Брендот Адора и официјално го претстави првиот градежен проект кој го реализира во Србија, новиот хотелско-резиденцијален комплекс „21st Century Residence, Spa & Wellness by Adora”, кој градежната компанија го гради во срцето на Златибор. Објаснувајќи го концептот на zlatibor.rs и на социјалните медиуми, откривајќи ги сите детали, Адора уште еднаш потврди дека во Македонија и во ова кризно, пандемиско време, има компании кои знаат, умеат и можат да се докажат надвор од земјата и да ја афирмираат нашата бизнис заедница и држава на интернационалниот пазар.

„Особено сме горди и ни претставува задоволство што нашето долгогодишно искуство во градежништвото и умешноста во креирање квалитетни недвижнини се потврди како успешно и на интернационалниот пазар, и тоа токму во Србија, каде што во моментов, во областа на недвижностите конкуренцијата е енормно голема и присутни се низа инвеститори коишто се докажани real estate developers на глобално ниво. Проектната задача е јасна. Да го искористиме целото стекнато знаење низ нашето 20 годишно работење и повторно да понудиме нешто пионерско. Создадовме паметен начин на инвестирање во елитни недвижности. Купувачите ги добиваат своите станови целосно опремени, со внимателно дизајниран мебел и покуќнина до најситните  детали. Подоцна, преку нашата Adora Hospitality Group ние ги издаваме во име на сопствениците и комплетно ќе се грижиме за становите и за целиот комплекс. На овој начин, сопствениците добиваат стабилен пасивен приход и до 8 % годишно, без никаква инволвираност од нивна страна. Главната предност на овој модел е што во било кој момент, сопствениците можат да ги користат своите недвижности во времетраење според нивна желба и притоа да ги уживаат сите премиум содржини коишто ќе ги нуди нашиот комплекс, базен, фитнес, спа и велнес, ресторан, in room dining, уреден двор со детски парк, чистење на апартманите и друго”. – изјави Душко Чифлиганец, одговорен за бизнисот во Србија, заменик претседател и втора генерација сопственик на Адора Бизнис Групацијата. Чифлиганец додава дека е пријатно изненаден од големиот интерес и од силниот старт на продажбата на комплексот „21st Century Zlatibor by Adora”, а посебно од топлината со која српскиот народ и српската бизнис зедница ја прифати Адора на српскиот пазар на недвижности.  Чифлиганец потенцира дека според официјалните анализи Златибор е едно од ретките места на Балканот кадешто продажбата на недвижности е зголемена од почетокот на корона пандемијата. Златибор во третиот и четвртиот квартал од 2020-та година има постигнато повисока просечна продажна цена на недвижностите споредено со Белград. За рејтингот на Златибор зборува официјалниот податок дека тоа е најпосетено место во Србија, кое важи за едно од најатрактивните парчиња земја на Балканот, како природна воздушна бања сместена меѓу три планини, со најголем број сончеви денови на поранешните Ју простори.

Комплексот „21st Century Zlatibor by Adora“, инвестиција вредна 15 милиони евра во двете насоки, се планира да биде пуштен во употреба на почетокот од 2022-ра година.

 

Поврзани новости