Мицкоски: Не видовме одговорност за Мијалков затоа што криминалната мафија е заортачена

by fokus

За случајот со Сашо Мијалков не видовме одговорност оти мафијата е заортачена, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници.

-Ако институциите затаиле требаше да има одговорност, почнувајќи од Заев па до тие што стоеја до него. Ниту видовме, ниту ќе видиме одговорност, затоа што криминална мафија е заортачена, владее со Македонија. Затоа што побрзо заминат толку побрзо Македонија ќе се ослободи и толку подобро ќе биде за сите, додаде Мицкоски.

Тој обвини дека Заев продолжува да ги понижува и омаловажува граѓаните. -Можев да го забележам неговиот израз на лицето и можам да заклучам дека не само што е нервозен, туку и не знае каде тера, рече Мицкоски.

Поврзани новости