Администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“ ќе ги засука ракавите и ќе го чисти Скопје

by fokus 11:07
11:07

По повод Глобалниот ден на чистотата, администрацијата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје ќе организира акција за чистење на централното градско подрачје. Акцијата ќе се одвива утре под мотото „Одговорноста е наша, заедно за почисто Скопје“, а почетокот е закажан во 10 часот на Градскиот плоштад.

– На овој начин сакаме да покажеме дека чистотата и хигиената на Скопје не зависат само од екипите на ЈП „Комунална хигиена“ кои еднаш во текот на денот ги празнат садовите за отпад и ги метат и мијат јавните површини. Сите граѓани на главниот град со своето совесно однесување и со својот третман на сопствениот отпад придонесуваат за заштитата на нашата животна околина, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

- Advertisements -

Преку оваа акција, како што рече, сакаме уште еднаш да апелираме до граѓаните својот комунален отпад да го ставаат само во кантите и контејнерите, а кабастиот во центрите за селекција на отпадот, да вршат примарна селекција на отпадот и да не создаваат диви депонии.

Од „Комунална хигиена“ ги повикуваат сите граѓани и институции да учествуваат во акцијата.

Поврзани новости