Пратеникот Ибрахими: Напаѓачите ми рекоа, сега ни Ердоган нема да те спаси!

by fokus

Тоа што се случи и што го видов на 27 април 2017 година во Собранието никогаш не би сакал да се повтори. Прв пат бев загрижен за животот. Вака го започна своето сведоштво за Крвавиот четврток пратеникот Енес Ибрахими од Партијата за движење на Турците на денешното судско рочиште во Кривичниот суд.

-Не верував дека ќе ни се случи тоа што ни се случи. Кога  влегоа насилниците во Собранието јас бев кај галеријата. За кратко влегоа. Почнаа да го тепаат пратеникот Павле Богоевски, а ја бараа и Фросина Ременски. Им велев дека не смеат да тепаат жена. Мене ми викаа дека сега ни Ердоган нема да може да ме спаси. Потоа почнаа да ме удираат и влечат, по што паднав. Продолжија да ме клоцаат а јас не видов кој ме удира бидејќи си ја чував главата. Но, потоа кога станав препознав дел од насилниците, сведочеше пратеникот Ибрахими.

На прашање на обвинителката Вилма Рускоска кого препознал кога станал, тој рече дека на одалеченост од метар-два од него го видел обвинетиот Мунир Пепиќ, но потенцираше дека не го видел како врши насилство.

В.В.

Поврзани новости