Адеми: Од денеска ќе се работи на суштината на новиот закон за високо образование

by Фокус

Денеска се одржа првата средба меѓу работните групи составени од претставници од Студентскиот и Професорскиот пленум, како и претставници на Министерството за образование и наука и Сенатот на УКИМ. Средбата беше од конститутивен карактер за да се утврдат динамиката и методологијата со кои ќе се изготвува новиот закон за високо образование.

-Денеска почнува нова етапа, нова фаза на разговорите,  затоа што од денеска ќе се работи на суштината на законот  и на  новиот концепт на закон за високо образование. Се надеваме дека низ една  конструктивна атмосфера ќе стигнеме до конечниот текст, изјави министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми.

Ректорот Велимир Стојковски се надева  дека со ваква широка вклученост на универзитетската заедница и на државата, на Министерството за образование и наука и другите претставници во работната група  ќе се донесе еден квалитетен закон кој што  ќе биде применлив и компатабилен со европските закони.

Поврзани новости