Ципрас стравува дека Грција ќе остане без пари до крајот на месецов

by Фокус

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изразил загриженост пред претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, дека Грција ќе остане без пари до крајот на март, пишува германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“. Тоа се случило за време на нивниот последен состанок во Брисел.

-Ципрас има итна потреба од пари. Затоа треба да ја убеди еврогрупата и Европската централна банка во волјата да преземе реформи, и тоа уште од следната недела, изјавил Шулц за германскиот весник.

Весникот понатаму пишува дека Грците треба да бидат подготвени дека платите и пензиите може да не им бидат исплатени во целиот износ на крајот од март.

Поврзани новости