507
Пратеникот од редовите на ДУИ, Џеват Адеми, на денешната седница за избор на Љубомир Јовески за нов јавен обвинител изјави дека нема дилеми за неговот искуство и кредибилитет, но има одредени дилеми за неговата возраст.
-Ставовите кој ги имаше Јовески како член на Советот на јавни обвинители му дава знак дека предност треба да му се даде на искуството пред поголемиот елан што можеби би го имал некој помлад обвинител – рече Адеми.
Тој додаде дека се надева оти ќе биде горд што ќе глаза Јовески, исто како што бил горд што кога ДУИ беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ не гласал за претходниот јавен обвинител Марко Зврлески.