Аделина влезе во фамилијата: Свршеница на екс адвокатот на Мијалков, снаа на Котевски!

by Fokus

Популарната поп пејачка Аделина Тахири се сврши со адвокатот Серјожа Марков, познат во јавноста како екс адвокат на Сашо Мијалков и брат на Маја, сопруга на Иво Котевски. Радосната вест за запросувањето таа ја сподели со своите следбеници на Инстаграм, постирајќи фотографија од свршеничкиот прстен, а романтичното запросување се случило во Виена, Австрија.

Блиски пријатели на пејачката ни потврдија дека токму Серјожа е човекот со кого таа ја пронашла својата среќа, и како никогаш порано не ја виделе Аделина толку силно вљубена.

,,Аделина процвета од среќа и љубов. Отсекогаш сакала стабилни и одговорни личности, еден вид на татковска фигура. Со Серјожа моментално уживаат во Виена, затоа и не е достапна за медиумите. Сите се радуваме за нивната среќа,, – ни раскажаа.

Атрактивната албанска пејачка е позната и како македонска Бијонсе. Често позира во провокативни изданија, и неретко на социјалните мрежи објавува фотографии кои изобилуваат со луксуз. Присутна е на сцената со години наназад, а во медиумите неретко се пишуваа сензации поврзани со нејзиното име. Со познатиот скопски адвокат биле во врска околу една година, а тој зад себе веќе има еден брак. Во 2013 година Марков е избран за почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија.

Аделина не беше достапна за коментар по повод свршувачката, а нејзините пријатели велат дека ги исклучиле телефоните со Серјожа и уживаат во романсата во Виена. Во минатото, на новинарски прашања околу тоа какви мажи ја привлекуваат, изјавуваше дека не и игра улога дали некој е спортист, фудбалер, обичен работник или адвокат. -Пред се, тој треба да биде човек и да знае да почитува една жена.

„Во љубовта не ја мешам работата воопшто, ниту сакам да ми се меша во мојата професија, ниту сакам јас во неговата. Јас сакам многу црномурести мажи и сакам маж до мене во секоја смисла на зборот. Не сакам многу развиени мажи, не ми се допаѓаат билдери, сакам успешен и паметен маж“ – има изјавено Тахири уште пред повеќе години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости