Петровски најавува блокади низ цела држава доколку стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Кандидатот за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, доколку биде избран за претседател најавува блокади низ цела држава се до ослободување на притворените за настаните во Собранието. Ако застане на кормилото на партијата, Петровски им ветува на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе биде блокирано цело Скопје, Собранието, Владата, вилата на претседателот, аеродромот, железницата, граничните премини, градовите и институциите.

„И тоа ќе трае до ослободување на сите 36 патриоти од настаните на 27 април, а јас лично ќе ги предводам тие протести и блокади како во 1997. Да ве потсетам, пред месец дена дадов предлог тука, на фб, за напуштање на парламентот, и тоа се случи пред неколку дена“, пишува Петровски.

Тој пишува и дека се ефтин спин шпекулациите дека насилно ќе го попречи конгресот. Неговиот противкандидат, Христијан Мицковски, додава, чувствува страв, заради, како што вели Петровски, реалната поддршка што ја има од членството.

„Тоа покажува две работи. Дека тие кои му ги собираат потписите, бидејќи тој не ја познава базата не се убедени во подршката која тој ја има. И, како второ го чувствуваат револтот од членството за дрското наметнување врз вољата на членството..Се плашат од реакцијата која ќе следи ако во Сабота го извршат замислениот фалсификат, и за тоа треба да бидам виновен јас.. Од една страна цела машинерија за наметнување на “лидер” кој треба да им се допадне на странците и кој нема храброст да се соочи со мене ниту на терен ниту на ТВ дуел, а од друга страна јас со Вас и мојата идеја за слободна Македонија..“, порачува тој.

Поврзани новости