407
Ад хок телото за следење на медиумите ќе се состане денеска во 12 часот за да го избере петтиот свој член.
Откако четворицата членови на телото не успеаја да се договорат, на вчерашната лидерска средба, партиските лидери се согласија тоа да биде Љуљзим Хазири, НВО активист, универзитетски професор и поранешен дописник на МРТ од Гостивар.
Откако ад хок телото ќе биде комплетирано, ќе треба да донесе деловник за работа и да почне да ги разгледува извештаите од мониторингот што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми.