Мицкоски: Владата на СДСМ знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат!

by irena 20:55
20:55

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на Сител телевизија истакна дека опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година носела одлука за деловен однос со Алта банка и со тоа се покажува нивното лицемерие, информира Владата преку соопштение.

„Со оној документ од 2023 година во којшто на владина седница тогаш коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, влегуваат во би рекол условно кажано деловни односи со Алта Банка Србија, односно со лицето Давор Мацура, јасно го потврдува нивното лицемерие и двојни стандарди кога зборуваат за тоа што се случуваше досега“ – потенцира премиерот Мицкоски.

Мицкоски појасни дека документот ја побива тезата на СДСМ и ја покажува вистината односно дека токму дека владата на СДСМ влегла во бизнис зделка со Мацура и Алта банка.

„Нивната теза беше дека ние сме имале лични врски со лицето Давор Мацура кој бил личен банкар на Александар Вучиќ итн. И тие не го познавале лицето Мацура, Алта банка, тоа беше нивната теза. Што е документот од 2023 година кој денеска го презентирав и којшто се појави на некој од медиумите. Тоа е документ во кој Владата на предлог на тогашниот министер за финансии на седница со која претседава тогашниот претседател на владата Димитар Ковачевски носи одлука да го овласти државниот правобранител да ја застапува во процесот каде македонската влада отуѓува сопствени акции на Алта Банка односно лицето Давор Мацура. Дали биле принудени или не биле принудени и тоа не е така и тоа не ја намалува погрешната теза дека оваа Влада влегла во бизнис зделки со Мацура и Алта банка“, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека вистината е дека претходната влада па нека биде принудена е таа којашто влегла во деловни односи со Алта Банка и лицето Давор Мацура, а не оваа Влада.

„Ние не можеме да влеземе затоа што станува збор за сопственици на акции на Стопанска банка АД Битола и Алта Банка Србија која од приватните сопственици купува акции, не од владата. А претходната влада точно знаела за лицето Мацура, за Алта Банка Србија“ – изјави тој.

Слични вести