1
Ненадејно почина рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев (67), соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.
Дарчиев беше амбасадор во Вашингтон од март 2025 година.
Руското МНР ја потврди неговата смрт, но досега не ги објави причините или околностите.
Дарчиев стана амбасадор на 6 март 2025 година, откако функцијата беше празна речиси пет месеци.
Неговиот претходник, Анатолиј Антонов, го напушти Вашингтон во октомври 2024 година.
Дарчиев беше назначен во време на обиди за обновување на дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.