Муртези: Јас не сум ни раководител, ни претседател на Исламскиот младински форум

by irena 18:05
18:05

Претседателот на Советот на Општина Чаир – Мухамед Муртези по објавата дека тој е на чело на Исламскиот младински форум, кој Египет го стави на листата на терористички организации ги оцени ваквите тврдења како клевети.

Негира дека некогаш бил претседател на Исламскиот младински форум.

„Вистината е дека јас не сум раководител, ниту претседател на Исламскиот младински форум. Дури, со целосна морална одговорност тврдам дека никогаш не сум бил претседател на овој форум“, изјави Муртези за „Zyrtare.net“.

Тој појасни дека во минатото раководел со други невладини организации во Македонија, но не и со Исламскиот младински форум.

Слични вести