(ВИДЕО) Актер сними автобус за кој тврди дека превезува гласачи во Белград

by irena 15:42
15:42

Хаџи Ненад Маричиќ – српски актер кој денес е набљудувач на парламентарни избори во Србија, на платформата „Kreni-promeni“ објави видео за кое тврди дека е направено во автобус на градскиот превоз, за кој тврди дека превезува гласачи во близина на Сава центар во Белград.

На видеоснимката се слуша како Маричиќ го прашува возачот каде се движи автобусот.

„Можете ли да ми кажете каде оди овој автобус? Зошто сите толку се возбудивте, каде оди овој автобус? Чиј е овој автобус? Ова е автобус што му припаѓа на градот“, вели актерот.

Возачот не одговара, туку само кажува дека „координаторката е таму лево“.

Слични вести