1
МВР информира дека 15 минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(27) од скопско.
Полицајците постапија по претходна пријава дека синоќа околу 23:00 часот по кратка расправија во семејниот дом, К.А. физички ги нападнал неговите родители и неговата сестра.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.