(ВИДЕО) Српската полиција приведе маж, тој им избега од спротивната врата

by irena 14:10
14:10

Полицијата во Белград приведе маж кој се обиде да блокира автобус. Како што објавија српските медиуми, инцидентот се случи откако автобус со непознати лица застана пред седиштето на Српската напредна партија (СНС).

По пристигнувањето на автобусот, граѓани ја блокираа раскрсницата, по што полицијата приведе еден од нив.

Додека полицајците го внесуваа мажот во службениот автомобил, собраните граѓани протестираа и бараа тој да биде пуштен.

Во тој момент, приведениот ја отвори спротивната врата од возилото и избега.

На снимката од настанот се гледа дека полицајците не тргнаа по него.

Слични вести