Излезеноста во Србија до 11 часот е 27,3 отсто – пред три години била 15,1 отсто

by irena 13:28
13:28

До 11 часот на изборите во Србија во 2026 година гласале 27,3 отсто од запишаните избирачи, објави Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД).

На изборите во 2023 година, до 11 часот гласале 15,1 отсто од гласачите, што е за 12,2 процентни поени помалку во споредба со истиот период во 2026 година.

До 10 часот наутро, во Србија гласале 19,72 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи, објави РИК на прес-конференција.

На претходните парламентарни избори одржани на 17 декември 2023 година, излезноста до 10 часот наутро била 9,94 отсто.

Претседателот на Републичката изборна комисија, Владимир Димитријевиќ, изјави дека процесот на гласање на голем број избирачки места се одвива без никакви инциденти или нерегуларности.

Апелираше до членовите на гласачките места строго да се придржуваат до законот и упатствата на РИК и да постапуваат исклучиво според нив.

Слични вести