2
Пример за чесност и граѓанска одговорност – млад делчевец пронајде лични документи и поголема сума пари и ги предаде во полиција, пишува во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 14 часот, во Полициската станица – Делчево, 18 годишен жител на градот предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра. Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во градот пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица – информираат од МВР.