Радев: Слабата излезност на гласачите е поради „валканата“ кампања

by irena 15:16
15:16

„Гласав за претседателска институција која е ефикасна и одговорна пред бугарските граѓани – институција во која националниот интерес е императив за сите органи на власта. Во овие непредвидливи времиња, од клучно значење е да имаме претседател кој поседува знаење, искуство, јасни ставови и принципи, како и подготвеност да застане зад нив“ – изјави бугарскиот премиер Румен Радев откако го даде својот глас.

Тој пристигна без сопругата Десислава – во Професионалната гимназија за транспорт „Мекгахан“ во Софија.

Тој ги повика граѓаните да излезат на гласање, нагласувајќи дека легитимитетот на институциите зависи од гласот на граѓаните.

Тој ја припиша слабата излезност на гласачите на „валканата“ кампања, заснована на тактики за оцрнување и наместени настани.

Друг фактор што ги демотивирал граѓаните, според премиерот, била значителната разлика меѓу кандидатите што се пласирале на првото и второто место.

„Ова создава чувство на сигурност во едниот табор, а можеби и чувство на безнадежност во другиот“, додаде тој.

На прашањето зошто потпретседателката Илијана Јотова – која на изборите беше поддржана од партијата на Радев – не учествуваше во предизборна дебата, премиерот беше дециден дека таа никогаш не се плашела од дебата.

„Секој што ќе се осмели да ѝ излезе на црта во дебата, треба добро да размисли како ќе успее да излезе од неа“, додаде тој.

Слични вести