Гласаше носителот на листата „Студентите победуваат“: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

by irena 13:33
13:33

Илија Срдановиќ – носителот на студентската изборна листа – „Студентите победуваат“ гласаше на избирачко место во Нови Сад.

Тој пристигна заедно со своето семејство и трпеливо чекаше во редот заедно со останатите граѓани.

Изрази очекување дека целиот изборен ден ќе помине во мирна и демократска атмосфера.

„Се надевам дека денешниот ден ќе помине во демократска атмосфера и мир и дека легитимно ќе избереме нова власт во Србија“, изјави Срдановиќ по остварувањето на своето право.

Тој коментираше и за високата излезност и големиот интерес кај граѓаните, истакнувајќи дека ваквиот одѕив бил очекуван уште за време на кампањата и дека постои можност Србија да забележи рекордна излезност во поновата историја.

Слични вести