1
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција утрово, а потресот беше регистриран во 9.40 часот по локално време.
Според моментално достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал приближно 17 километри југозападно од градот Хилван.
Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) покажуваат дека хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу осум километри под површината.
Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета предизвикана од земјотресот.