Лавров упати остра закана кон Европа: Ако ја нападнете Русија, војната ќе биде многу кратка

by irena 16:03
16:03

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изрази надеж дека европските земји го слушнале неговото предупредување оти, во случај на напад од страна на Европа врз Русија, би уследила „многу кратка војна“.

– Ако Европа, која секојдневно зборува за подготовки за војна против Русија, ја нападне Руската Федерација, тоа ќе биде сосема поинаква војна и таа ќе биде многу кратка. Се надевам дека го слушнале ова предупредување во европските престолнини и структури кои сега се обидуваат да се претстават како обединета Европа – изјави Лавров на Меѓународниот фестивал на млади во Екатеринбург, пренесува „РИА Новости“.

Слични вести