Вработен од Свети Николе тврди – газдата на фирмата ме нападна!

by irena 17:31
17:31

Пријавен е случај на насилство на работно место во Кавадарци. 42-годишник од Свети Николе тврди дека бил физички нападнат од сопственикот на фирмата во која бил вработен.

Според информациите, пријавата е поднесена во ОВР Кавадарци во понеделникот вечерта, а вработениот навел дека инцидентот се случил додека тој извршувал работни задачи во компанија лоцирана во Кавадарци.

Полицијата по пријавата започнала активности за утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Засега не се соопштени дополнителни детали за причините што довеле до инцидентот.

Слични вести