2
Во Крива Паланка во сабота, на 28 ноември, ќе се одржи вториот мирен граѓански протест поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот.
Протестот е закажан за 11 часот на магистралниот пат кај Градечки мост, спроти Градскиот парк.
Граѓаните бараат итно и трајно решавање на проблемот, конкретни мерки од надлежните институции, доследно спроведување на законите и заштита на нивната безбедност и имот.
Од Општина Крива Паланка посочуваат дека протестот е повик за институционална одговорност, конкретни рокови и резултати, со цел да се стави крај на опасностите, материјалните штети и неизвесноста со кои се соочуваат жителите.
„За безбедноста на семејствата. За заштита на имотот. За живот без страв!“, порачуваат од Општината.