Масовно се вози без возачка во Македонија – за еден ден 21 уапсен без дозвола

by irena 17:20
17:20

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.

Слични вести