„Марш на ангелите“ првпат одржан во Штип, родителите побараа одговорност од полицијата и од УЈП

by irena 19:38
19:38

Комеморативен марш посветен на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани за првпат се одржа во Штип, град кој изгуби петмина свои сограѓани во трагедијата. Настанот ги обедини семејствата на настраданите од повеќе градови и граѓани, кои со заедничка прошетка низ централното подрачје оддадоа почит и побараа одговорност.

Присутните порачаа дека ќе продолжат со ваквите активности сè додека не се расчистат сите околности поврзани со случајот, нагласувајќи дека правдата не смее да изостане. Дел од учесниците носеа фотографии од починатите, симболично потсетувајќи на загубата што ја претрпеа нивните семејства и заедницата.

Маршот помина покрај неколку институции во градот, како пред зградите на СВР и УЈП Штип, каде беше изразено незадоволство од текот на постапките и беше поставено прашањето за евентуална одговорност. Во меѓувреме, локалните власти најавија подигнување спомен-обележје во близина на центарот, како траен спомен за жртвите.

Слични вести