„Бехтел и Енка“ отпушти педесетина работници

by vlatko 22:24
22:24

Педесетина работници, пред се од тетовско-гостиварскиот регион, ангажирани на изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 што ги гради компанијата „Бехтел и Енка“, добиле откази иако, како што велат, договорите за работа не им се истечени, објави Телма.

Кога денеска дошле на работа во базата на „Бехтел и Енка“ кај автопатот Тетово-Гостивар, биле известени дека веќе нема да бидат ангажирани во градењето на Коридорот 8. Тие одржаа и протестен собир со цел да го искажат револтот со оглед дека голем дел од нив имаат важечки договори.

-Има колеги што имаат до четврти, петти, шести, седми месец договор. Велат – ни рекоа толку. Демек, државата не дава средства, финансии, и поради тоа велат – немаме средства да ве држиме, да ви даваме плата, и затоа ве отпуштаме – изјавил Стојанче Ристовски, работник.

Работниците рекоа дека на работа се задржани претежно странски државјани.

Од Владата велат дека се подмирени сите побарувања од „Бехтел и Енка“ и сметаат дека тие немаат никакви обврски за работните односи.

-Владата не должи нути фенинг, нуту денар кон компанијата Бехтел и Енка. Така што, работниците своите права треба да ги бараат во менаџментот на Бехтел и Енка и оние што го потпишаа тој договор со Бехтел и Енка – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Од „Бехтел и Енка“, пак, за Телма изјавиле дека на работниците се им е платено за досега извршената работа, но не прецизираат зошто ги отпуштиле.

Слични вести