Поранешен сопруг и се заканувал на жена преку телефонот на нивниот син

by vlatko 22:10
22:10

Педесет и едногодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека добивала закани од својот поранешен сопруг.

Како што информира МВР, на 6 март во 18:00 часот во СВР Скопје, жената пријавила дека од јануари 2026 година, поради меѓусебни недоразбирања, нејзиниот поранешен сопруг Ѓ.Р. (46) од Скопје преку мобилниот телефон на нивниот малолетен син и упатувал закани.

Со него е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести