208
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.
Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.
Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.