Граѓанските активисти и еколошките организации денеска на нов протестен марш за чист воздух. Од пред кругот на фабриката „Титан Усје“ овојпат протестот се сели пред државните институции.
Според нив, загадувањето во Скопје прераснува во сериозна здравствена закана, а институциите предолго молчат. Тие уште еднаш бараат контрола на се , особено пред добивањето -продолжување на новата дозвола за работа.
Воведување на 24 часовна контрола за УСЈЕ, мониторниг на сите 12, а не само на 10 оџаци на компанијата, како и европски закони при издавање на А интегрирана еколошка дозвола. Иницијативата Стоп за УСЈЕ – во пресрет на денешниот протестен марш со нови барања до институциите за построги мерки и контроли за Цементарницата.
Од Министерството за животна средина на брифинг со новинарите – информираа дека од УСЈЕ, но и од другите индустриски капацитети ќе се бара построги стандарди за добивање на А интегрирана еколошка дозвола согласно европскиот закон.
Мнистерство за животна средина
– Од септември 2027 стапува на сила веќе усвоениот европски Закон за контрола на емисиите, кој ќе воведе построги стандарди за индустријата, јакнење на надзорните капацитети за контрола на Министерството. УСЈЕ треба да ја обнови еколошката дозвола во март годинава. За да ја добие А интегрирана дозвола – компанијата ќе мора во производствениот процес да воведе еколошки норми согласно европскиот закон.