МВР поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево – Фатмир Дехари, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според МВР, Дехари во периодот од 2021 до 2025 година, во својство на градоначалник, склучил договори за вработување со четири лица, иако свесно им дозволувал да не доаѓаат на работа, а сепак да примаат плата и други надоместоци.
По истекот на законскиот рок, тој не им го прекинал работниот однос.
Со ваквото постапување бил оштетен буџетот на Општина Кичево за околу 130.000 евра, а на вработените им била овозможена противправна материјална корист – велат од МВР.
Кривични заработија и четворицата вработени во општината – Ф.А. (62) од село Зајас, А.Н. (38) од село Србица, Х.Б. (37) од село Црвевци и Б.С. (36) од село Стрелци.
Тие се пријавени за перење пари и други приноси од казниво дело.