Идентификувани сите жртви од пожарот во Кран-Монтана

by irena 09:33
09:33

Швајцарската полиција ги идентификува телата на сите 40 загинати во пожарот. Жртвите се млади лица на возраст од 14 до 39 години, а 15 од загинатите се малолетни

Српски државјанин е меѓу загинатите во пожарот во барот на скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија.

Амбасадорот на Србија во Швајцарија, Иван Трифуновиќ, изјави дека семејството на 31-годишниот Стефан Ивановиќ, кој се водел како исчезнат по пожарот, соопштило дека тој е пронајден мртов.

„Имаме потврда од семејството. Сè уште немаме официјална потврда од полицијата, но семејството е сигурно. Официјално, четворица од повредените се српски државјани, а двајца од нив се префрлени во Германија. Ние обезбедивме логистичка помош за едно семејство“, изјави српскиот амбасадор во Швајцарија.

Швајцарската полиција ги идентификува телата на сите 40 загинати во пожарот што избувна на новогодишната ноќ во барот во рамки на скијачкиот центар Кран-Монтана. Жртвите се млади лица на возраст од 14 до 39 години, а 15 од загинатите се малолетни. Најмладите жртви се момче и девојче на 14 години, двајцата државјани на Швајцарија.

Меѓу загинатите има државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Турција, Португалија, Франција, Белгија, Велика Британија, Франција и Израел. Еден од загинатите е младиот Стивен Ивановски кој е македонски државјанин.

Во пожарот се повредени 119 лица, а шестмина од нив сè уште не се идентификувани поради тешките изгореници.

Слични вести