186
Скопјанец останал без велосипед откако го оставил незаклучен пред маркет во населбата Капиштец. Тој на социјалните мрежи објави снимка од безбедносна камера на која се гледа како крадецот доаѓа пеш, мирно го зема велосипедот, се качува на него и се оддалечува во непознат правец.
„На видеото е фатен моментот кога ми го крадат велосипедот пред маркетот ‘Стокомак’ во Капиштец. Доколку некој има информации за идентитетот на лицето, ве молам да ми пише или да го пријави во најблиската полициска станица“, напиша Јован Грповски.