190
Руските противвоздушни сили соборија дрон кој се приближувал кон Москва, соопшти градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.
„ПВО-силите на Министерството за одбрана уништија беспилотно летало што летало кон Москва. Екипите за итни ситуации работат на местото на инцидентот“, напиша тој на Телеграм, пренесува РБК Русија.
Собјанин потоа информира дека е уништeн уште еден дрон кој ја нападнал Москва.
Неколку минути подоцна, градоначалникот на Москва соопшти дека е соборено и трето беспилотно летало што ја целело престолнината.