Два авиони не можеа да слетаат на скопскиот аеродром, поради силен ветер, а два други во моментот кружат и чекаат насоки за слетување

by valentina 19:38
19:38

Поради силен ветер вечерва два авиони имаа безуспешни обиди да слетаат на скопскиот аеродром. По кружење во близина на аеродромот биле пренасочени кон Косово. Уште два други авиони пак во моментот прават обиди за слетување и кружат.

Информацијата ја потврдија и од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеородром, додека други два се уште кружат и чекат насоки за слетување.
Ветрот дува на поголема височина, информира Стојанче Ангелов.

Со исто појаснување излегоа и од Центарот за управување со кризи.

В.В.

Слични вести