270
Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа концерт во Велес синоќа, но настапот беше обележан со неочекуван момент кој привлече големо внимание од публиката.
За време на изведбата на еден од нејзините хитови, пејачката го развиори бугарското знаме, што предизвика бурна реакција од присутните. Иако очигледно станува збор за ненамерна грешка, многу посетители се почувствуваа навредено и почнаа да ја исвиркуваат, изразувајќи го своето незадоволство.
Видео од целата сцена брзо се прошири на социјалните мрежи, привлекувајќи огромно внимание од корисниците и медиумите.