Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Кина да му помогне на Вашингтон во односите со Русија.
„Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ пред да слета во Малезија, објави Ројтерс.
Тој, исто така, изрази увереност дека Русија сака мир во Украина.
„Ќе видиме, мислам дека Владимир Путин сака конфликтот да заврши“, им рече Трамп на новинарите.
Трамп е на патување во Азија за да разговара за инвестициски договори, мировни иницијативи и трговски прашања.
Неговата прва станица е Малезија, каде што ќе присуствува на регионален самит и ќе се сретне со премиерот на земјата Анвар Ибрахим, како и со лидерите на Тајланд и Камбоџа за да потпишат проширен договор за прекин на огнот меѓу двата соседа, објави АП.
Американскиот претседател рече дека „должел посета“ на малезискиот премиер, кого го нарече „многу добар човек“.
По Малезија, Трамп ќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја.