Денешното гласање за локалните избори се одвива непречено и без проблеми, соопшти ДИК

by vlatko 18:02
18:02

Државната изборна комисија попладнево соопшти дека денешното гласање на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, се одвива непречено и без никакви проблеми и недоследност.

Како што информира ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8.848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие локални избори, гласале 5 385.

Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15:30 часот го оствариле 810 гласачи. Во установите за вонсемејна грижа, пак, до 15:30 од 442 лица гласале 135 гласачи.

Слични вести