(ВИДЕО) Полиција и Жандармерија влегоа во Филозофскиот факултет во Нови Сад

by irena 21:29
21:29

Состојбата во Нови Сад вечерва е исклучително напната, откако на повик на деканот Миливој Алановиќ, полицијата и Жандармеријата влегоа во зградата на Филозофскиот факултет.

Претходно, студенти од Правниот факултет успеале преку спореден влез да се вратат во објектот, кој утрово беше испразнет по наредба на деканот.

На терен пристигнаа припадници на Интервентната единица со неколку полициски возила, а присутните граѓани реагираа со гласно негодување. Во текот на денот на студентите и дел од професорите им се приклучија и земјоделци и поддржувачи од различни здруженија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bez Cenzure (@bezcenzure.rs)

Слични вести