182
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на својот Фејсбук профил упати реакција до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Миле Лефков, откако на прес-конференција беше спомената неговата сопруга во контекст на учество во европски Еразмус проекти.
Апасиев тврди дека станува збор за академска активност финансирана од европски, а не буџетски средства, и ги нарече нападите неосновани и неакадемски. Во објавата тој детално ја опиша академската кариера на неговата сопруга, нарекувајќи ја „по мада-фака“ од многу, како што вели, „штабски професорчиња“.