Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го критикуваше извештајот на ОН во кој се прогласува глад во Појасот Газа, оценувајќи го како „бесрамна лага“, истовремено обвинувајќи го Хамас за недостигот на храна во енклавата.
„Израел нема политика за глад. Израел има политика за спречување на глад“, стои во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.
Според соопштението, единствените во Појасот Газа кои намерно се изгладнуваат се изралеските заложници што ги држи Хамас.
Од кабинетот на Нетанјаху велат и дека извештајот не ги зема предвид хуманитарните напори на Израел и систематската кражба на помошта од страна на Хамас.
Обединетите нации денеска официјално прогласија дека владее глад во Газа, наведувајќи дека ова е прв случај на глад на Блискиот Исток.