ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина

by vlatko 19:57
19:57

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европска Унија денеска ќе даде повеќе од четири милијарди евра за поддршка на Украина.

-Солидарноста на ЕУ со Украина е непоколеблива. Ова е наша посветеност не само за закрепнување на Украина, туку и за нејзината иднина како суверена и демократска земја, објави Лајен на платформата Икс.

Таа додаде дека вкупната финансиска поддршка за Украина од ЕУ и земјите-членки достигна 168,9 милијарди евра.

Слични вести