Десковска најави укинување на Кембриџ програмата во средните училишта

by Fokus

Министерката за образование Рената Десковска најави дека се бараат правни механизми, пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието, а тоа е да се спречи воведувањето на Кембриџ програмата во средните училишта.

Освен укинување на Кембриџ програмата во средното образование, министерката за образование најави преиспитување на наставните програми и намалување на бројот на предметите во основното, како и нов закон за високо образование.

Поврзани новости