Кривична пријава против Чапароски за земање поткуп

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело  „примање поткуп“. Соопштението на МВР ви го пренесуваме во целост:

Пријавениот на 26.05.2017 година, од татко на 13- годишна пациентка, директно побарал 1.000 евра за издавање потврда со која би се потврдило дека Клиниката за неврохирургија не извршува хирушка интервенција каквa што требало да се изврши на пациентот. На 30.05.2017 директорот на клиниката ги зел парите со образложение дека истите се парична награда за него за издадената потврда.

На извршувањето на кривичното дело претходело лекување и хируршка интервенција над 13 – годишната пациентка од страна на пријавениот. Меѓутоа, таткото обезбедил парични средства за понатамошно лекување и хируршка интервенција на неговата ќерка во специјализирана клиника во Германија,  за што му требало потврда од Клиниката за неврохирургија.

Пријавениот А.Ч. е лишен од слобода. При извршениот претрес во неговата работна канцеларија пронајдени се и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари. Додека, при извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра, 10.000 денари и медицинска документација, за кои пријавениот немал доказ од каде потекнуваат.

Поврзани новости