Рашковски генерален секретар на владата, Јанева шеф на кабинет на Заев

by Фокус

Во конкуренција на неколку кандидати, премиерот Зоран Заев за нов генерален секретар на владата го избра универзитетскиот професор Драги Рашковски, а за шеф на кабинет Мирјана Јанева, велат од владата.

Рашковски е доктор на правни науки, кој е вклучен од самите почетоци на спроведувањето на ЕКТС како негов одговорен администратор.

Јанева, пак, доаѓа од Општина Струмица и важи за човек од доверба на новиот премиер, кој беше долгогодишен градоначалник на Струмица.

Поврзани новости