5 најопасни ситуации во сообраќајот!

by Фокус 11:45
11:45

Возењето со прекумерна брзина, на непрописно растојание од возилото пред вас како и нервозното однесување се само неколку опасности што се дел од секојдневието. Според www.nocarnofun.com овие се главните чинители на сообраќајни незгоди. Но, исто така постојат и неколку други фактори коишто не добиваат толку внимание.

Крстосници

- Advertisements -

Повеќето сообраќајни незгоди се случуваат на крстосниците со знаци за запирање и семафори и најчесто се случуваат заради необрнување внимание или пак заради брзање. Според податоците добиени од Хајвеј Лос Дејта Институтот, речиси половина од сообраќајните несреќи се случуваат на крстосници. Приближната бројка на сообраќајни незгоди на годишно е 1.7 милиони несреќи.

Според институтот Хајвеј Лос Дејта:

53% од сообраќајните незгоди на крстосниците се случуваат на крстосници на коишто има семафори

20% од нив се случуваат на крстосници на коишто има знаци за запирање

50% од сообраќајните незгоди на крстосниците завршуваат со повреди на личности, додека 41% со поверда на личен имот.

Можноста пешаците да бидат повредени во сообраќајна незгода на крстосница се поголеми отколку на која било друга локација. 55% од сообраќајните незгоди на крстосниците завршуваат со повреди на пешаци. Според ова истражување единствениот начин да се биде безбеден е да се внимава. Кога сте во близина на крстосница, паркинг или маалски продавнички, обрнете особено внимание на оние отстрана коишто сакаат да излезат пред вас.

Иако е ваш ред да минете низ крстосницата и светлото на семафорот свети зелено, сепак завртете се и запрашајте се дали е можно автомобилот позади вас нанадејно да излезе пред вас. Секогаш внимавајте на споредните улички, кадешто има многу возачи коишто се „замислени“ и не ги гледаат знаците за запирање или пак црвеното светло на семафорот. Тие неколку секунди може да ви зашедат каква било повреда по вашето здравје или пак главоболки предизвикани од осигурителните компании.

На местото на „злосторството”

Излегување од возилото во случај на дефект или по сообраќајна несреќа е една од најлошите работи коишто можете да ги направите. Во вакви случаеви се изложувате на можноста да ве удри некој невнимателен возач.Во случај на сообраќајна незгода, секогаш останете во вашето возило и не излегувајте за да му помогнете на другиот возач. Најдобриот начин да помогнте во ваква ситуација е да повикате полиција или служба за помош на патиштата.

Вртење лево

Возачите секогаш мислат дека можат да го претркаат возилото што доаѓа ако свртат лево. Според добиените статистички податоци оваа идеја и не е баш така паметна. Според Американското министерство за транспорт, возачот може да помине и милијарди километри, од Земјата до Јупитер и назад и пак да предизвика сообраќајна незгода, заради вртење налево.

Некои градови работат на намалувањето на бројот на незгодите предизвикани од вртењето лево, со воведување на “Мичигенски лева” вид на крстосница, којашто ги оневозможува возачите да свртат лево. Наместо тоа, возачите мораат да свртат по регуларната У-насока на одреденото место и потоа да продолжат надесно во улицата. Оваа идеја спречува околу 60% од сообраќајните несреќи.

Бидете трпеливи кога вртите лево, секогаш да му сигнализрате на возилото позади вас дека ќе ја намалите брзината или дека ќе застанете, пред да завртите лево.

Возење по ридести патишта

Возењето по нагорнини значи дека треба да бидете попустливи на другата страна. Овие ситуации се многу опасни бидејќи возите „на слепо”.

Возењето по вакви патишта е вистинска опасност бидејќи не знаете дали ќе налетате на некое диво животно коешто стои на средина на патот или на училишен автобус од којшто излегуваат ученици, освен ако не внимавате на патната сигнализација. Многу сообраќајни незгоди и опасности може да се избегнат доколку се внимава на патната сигнализација.

Сообраќајните знаци ќе ви укажат на претстојните крстосници, автопати или пак на близината на некое училиште. Сигнализацијата укажува дури и на можноста некое диво животно да ви го пресече патот. Најдобро е да ја намалите брзината кога ќе бидете во близина на врвот од ридот, со цел да ви биде полесно да го сопрете возилото во случај нешто да ви се најде на патот.

Ситуација кога камион на патот не може да ве види

Доколку не можете да ги видите ретровизорите на камионот, тоа значи дека и возачот на камионот не може да ве види вас. Кога тие се обидуваат да сменат лента, ќе удрат директно во вас. Најдобро е да се движите на голема оддалеченост од нив. Без разлика на околностите и ситуацијата не смеете да се „залепите” за нив.

Доколку возите „рамо до рамо” со трактор со приколка и се движите со иста брзина, намалете ја вашата и дозволете им да возат први. На тој начин ќе бидете најбезбедни иако тие можеби ќе стигнат први на саканата дестинација.

За повеќе информации за безбедноста во сообраќајот посете ја оваа њеб страна www.drivesafe.org.uk.

Поврзани новости