24Вести: Ранетиот пренесен на КАРИЛ, пресметка на скопското подземје?

by Fokus

Иако, се уште не се знаат точните причини за престрелката што вечерва се случила на Партизанска, според информации на 24 Вести, целата бркотница на возилата почнала од бензинската Макпетрол.

Според нивните информации, при бегањето возилото удрило во жардињера на улицата и се превртело. На возилото има траги од куршуми. Ранетиот е пренесен на КАРИЛ. На местото на настанот има луѓе од Крим техника и Алфи.

Неофицијално, ранетиот пред неколку месеци учествувал во тепачка во едно скопски кафуле, кога еден човек бил прободен со шрафцигер во главата.

Поврзани новости