Престрелка на Партизанска

by Fokus

Во престрелка на крстосницата меѓу Партизанска и Париска улица вечерва е ранет еден човек, објави телевизија 24 Вести. Според нивните информации, на пукањето претходело бркотница со автомобили.

Станува збор за напад, при што возилото на човекот кој бил нападнат е превртено за што сведочат и фотографиите, кои пред десетина минути почнаа да се објавуваат на социјалните мрежи од очевидци, кои во тој момент се нашле на местото на настанот.

Неофицијално, повредениот бил бркан со автомобил по булеварот и засега непознато лице или лица пукале во него. Возачот кој бил цел на нападот изгубил контрола над возилото, се мавнал во бетонска жардиниера и возилото се превртело.

Се очекуваат повеќе детали, што точно се случувало вечерва на Партизанска.

Поврзани новости