Отфрлени и листите на Јанко Бачев

by fokus

ДИК вчера донесе одлука да ги отфрли кандидатските листи за пратеници и на  Народното движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев. Сите девет членови на ДИК гласала за оваа одлука.

Според ДИК, утврдени биле големи неправилности во кандидатските листи како несовпаѓање на потписите на предложените кандидати и промена на кандидати.

Државната изборна комисија претходно ги отфрли и листите на СДПМ на Бранко Јаневски, кој и на овие избори се обиде да ги збунува гласачите со носители со исти или слични имиња со носителите на СДСМ, но за првпат тоа не му помина.

Поврзани новости