22 коригирани учебници во новата учебна година

by fokus

Министерот за образование и наука, Арбр Адеми денеска информираше дека  МОН обезбедило 22 корегирани учебници за учениците од осново образование и најави поквалитетна и подобра едукација во иднина низ училиштата во Македонија.

„МОН  цели кон подобро и поквалитетно образвание. Ние како министерство превземавме активности и во учебната 2018-2019 година, ќе бидат доставени 22 корегирани учебници низ основните училишта во Македонија. Сите корегирани учебници се набавени во целосен тираж. Што се однесува до учениците од прво, второ и трето одделение, ќе имаат нови комплети на учебници. Од друга страна, во средно образование ќе биде доставен 31 учебник за стручно образование, а италијанскиот странски јазик е воведен како втор официјален“, порача Адеми.

Поврзани новости